СЕ ПРОДАВА ЛУКСУЗОТ НА ГРУЕВСКИ Државата ги пушти во продажба становите на Водно кои вредат над 2,4 милиони евра
Се работи за три ексклузивни луксузни станови во елитниот комплекс „Панорама“ на Водно, со вкупна површина од 750 м² и вкупна проценета вредност од над 2,4 милиони евра. Становите се луксузно уредени, со пространи балкони и панорамски поглед кон градот.
Пет стана, за кои судот утврди дека се во сопственост на поранешниот премиер Никола Груевски, официјално се ставени на продажба. Имотите беа конфискувани во случајот „Плацеви на Водно“, а Агенцијата за управување со одземен имот ги огласи на јавно наддавање, објави Фокус.
Се работи за три ексклузивни луксузни станови во елитниот комплекс „Панорама“ на Водно, со вкупна површина од 750 м² и вкупна проценета вредност од над 2,4 милиони евра. Становите се луксузно уредени, со пространи балкони и панорамски поглед кон градот.
Огласени се следните недвижнини:
Стан 1: 155 м² + 95 м² балкон – цена: 760.000 евра
Стан 2: 199 м² + 48 м² балкон – цена: 847.000 евра
Стан 3: 200 м² + 48 м² балкон – цена: 851.000 евра
Покрај становите на Водно, на продажба се ставени и два стана во Кисела Вода, во зградата каде што Груевски живееше пред бегството во Будимпешта. Едниот стан има површина од 57 м² и е понуден по цена од 63.000 евра, а вториот од 38 м² се продава за 44.000 евра.
Продажбата на имотот се спроведува согласно новиот Закон за управување со одземен имот, донесен во март 2025 година. Со овој закон се забранува учество на членови на семејството на поранешните сопственици во јавни аукции.
Огласената продажба на становите на Никола Груевски се смета за симболичен, но важен чекор во враќањето на средствата стекнати преку криминал и обнова на довербата во владеењето на правото.