Полициски хеликоптер М-17 пред еден час се урнал веднаш по полетувањето од платформата на аеродромот во Скопје. Лесно повреден е само еден член на екипажот.
Како што информираат од МВР за МИА, денеска околу 11:30 часот на стара платформа до Полициската станица на ГП „Меѓународен Аеродром Скопје“ од кога наполнил гориво, хеликоптер на МВР M-17 од засега непознати причини паднал при полетување. Во него биле пет лица.
Од МВР за Телма потврдија дека хеликоптерот по слетувањето се превртел најверојатно поради силните налети на ветрот.
Хеликоптерот се превртел по слетувањето на аеродромот.
Фото: Република