Се предлага промена на полицискиот час, движењето на младите и возрасните, како и за викенд, рече Филипче

Оваа комбинација на мерки ќе дозволи порастеретерно да се движат луѓето, како и зголемувањето на заштитната опрема на граѓаните – вели Филипче.

992

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека постои план за олабавување на рестриктивните мерки, кој е доставен до Владата, како и нови мерки за лична заштита.

– Оваа комбинација на мерки ќе дозволи порастеретерно да се движат луѓето, како и зголемувањето на заштитната опрема на граѓаните – вели Филипче.






Тој изјави дека се планира полицискиот час да почнува секој ден од 19 до 05 часот со што граѓаните ќе добијат дополнителни часови за завршување на обврските.

Филипче рече предлогот за возрасните над 65 години наместо како досега од 10 до 12 часот ќе можат да се движат од 08 до 12 часот, исто така и за движењето на младите до 18 години и сега да биде од 13 до 16 часот.

Има предлог полицискиот час за време на викенд да остане, но овој пат да започне  од сабота од 13 до понеделник до 05 часот.

Министерот рече сите други мерки за носење на заштитна опрема, дистанца од два метри, да не се собираат повеќе од двајца во група остануваат на сила.

Поврзани содржини