📷 СЕ ПОСТАВУВААТ КУЌИЧКИТЕ ЗА НОВОГОДИШНИОТ БАЗАР Две елки се исправија пред ГТЦ
Засега од Град Скопје нема информација за новогодишната прослава и програма.
На скопскиот плоштад утрово со камиони и дигалки се поставуваат куќичките од познатиот новогодишен базар. Куќичките заедно со две елки беа дел од украсување на плоштадот во последните години. Останува да се види како ќе изгледа конечниот резултат.
Засега од Град Скопје нема информација за новогодишна прослава и програма.
Скопјани со денови реагираат дека главниот град доцни со китењето зад Битола која веќе блеска во традиционални украси и ги облагороди Офицерскиот дом, Широк Сокак, плоштадот Магнолија, Старата битолска чаршија, и многу други локации.
Во вторникот започна китењето на Куманово каде ќе блеснат Занаетчискиот дом, плоштадот и околните улици со украси вредни 3 милиони денари.
Деновиве беа поставени и две елки во Градскиот трговски центар, една на влезот што гледа кон плоштадот и една на влезот близу „Холидеј Ин“.