Пипа Мидлтон (37), помладата сестра на војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон (39), на 15 март го роди своето второ дете.
Сестрата на Кејт Мидлтон и нејзиниот сопруг Џејмс Метју (45) добија ќерка, а девојчето го доби името по нејзината тетка Кејт.
Имено, полното име на војвотката од Кембриџ е Кетрин Елизабет Мидлтон, па девојчето на Пипа беше именувано Грејс Елизабет Џејн.
Ќерката на Пипа имала три килограми при раѓање, а странските медиуми пишуваат дека сестрата Кејт Мидлтон и бебето се чувствуваат добро.
Мајката на Кејт и Пипа пред околу десетина дена откри дека нејзината помлада ќерка е бремена, па оваа вест беше вистинско изненадување.
Името на девојчето ја продолжило семејната традиција, бидејќи Елизабет е средно име и на Кејт и на нивната мајка Керол.
Името за само неколку часа доби позитивни оценки на социјалните мрежи, пренесуваат странските медиуми.
Инаку, Пипа и Џејмс во октомври 2018 година го добија синот Артур Мајкл Вилијам Метју, а според странските медиуми, сестрата на војвотката од Кембриџ живее мирен семеен живот.
Да потсетиме, Пипа и Џејмс се венчаа во мај 2017 година во црквата Сент Марк во Енглефилд, а децата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, принцот Џорџ (7) и принцезата Шарлот (5) беа девер и деверуша на свадбата.