СЕ ПОДГОТВУВА МОДЕРНО РЕШЕНИЕ ЗА УНИВЕРЗАЛНАТА САЛА Мицкоски вети дека театарот во Струмица ќе биде завршен

Постапката за скопската Универзална сала, тоа е многу важно. Во разговор со министерот, мислам дека презентацијата на решението е навистина модерно и ќе им се допадне на скопјани. Тука се сите оние културни домови коишто се реконструираат на целата територија на Македонија - рече Мицкоски.

451

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека во областа на културата има историски инвестиции, истакнувајќи ги тековните активности за изградба на Театарот во Струмица, за Универзалната сала во Скопје, како и обновата на културните домови низ државата.

– Апсолутно како и во секоја друга област во државата, така и во културата имаме навистина инвестиции коишто, би рекол, се историски. Тука пред се, мислам и на инвестицијата на Театарот во Струмица, којшто конечно треба да биде завршен, завршена е тендерската постапка итн, и да биде пуштен во функција. Постапката за скопската Универзална сала, тоа е многу важно. Во разговор со министерот, мислам дека презентацијата на решението е навистина модерно и ќе им се допадне на скопјани. Тука се сите оние културни домови коишто се реконструираат на целата територија на Македонија – рече Мицкоски.






Според него, инвестициите се потребни и во оваа област.

– Можеме само да ветиме чесна, посветена и многу работа. Останато – политикантство, интриги, шпекулаци, го оставаме на тие коишто не можат и не знаат ништо да сработат – рече Мицкоски.

Поврзани содржини