СЕ ПЛАШИ ЛИ СДСМ ОД ИСКАЗОТ НА ГРУБИ? Петрушевски вели дека во партијата вледе паника и хистерија

Дали имаат страв дека неговиот исказ ќе оди до поранешен претседател на СДСМ и премиер на Македонија? Затоа ли вртеа по телефони интересирајќи се за исказот на Груби, прашува Петрушевски.

0

ВМРО-ДПМНЕ апсолутно го разбира и оправдува револтот на граѓаните по одлуката на правосудните органи за куќен притвор на криминалецот Артан Груби, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ги поздравувавме и владините институции кои си ја завршија работата и го доведоа пред лицето на правдата, криминалецот Груби кој избега пред година дена, откако се отвори постапка за негова вина во случајот со Државната лотарија за проневера на државни пари во вредност од над 8 милиони евра. Очекуваме одлуката на судот да биде во заштита на правдата, а не соучесник во неправдата – вели тој.






Петрушевски нагласува дека СДСМ, партијата која соработувала и молчела кога Груби правел криминал, се исплашила до срж, затоа што не знаат што сѐ Груби може да каже.

– Дали имаат страв дека неговиот исказ ќе оди до поранешен претседател на СДСМ и премиер на Македонија? Затоа ли вртеа по телефони интересирајќи се за исказот на Груби? Кого може Груби да повлече со себе, дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал Заев, Филипче, Спасовски, Зечевиќ и други? – рече Петрушевски и додаде дека во редовите на СДСМ стравот од одговорност им влегол длабоко во коски.

 

Поврзани содржини