📽 СЕ ОТВОРА ДОПОЛНИТЕЛНА ИСТРАГА ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА Министерот Тошковски се сомнева во постапката што се спроведувала

Истрагата ќе ја вршат двајца началници, едниот што го поставил Тошковски, а другиот поставен од дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев.

2,075

Министер за внатрешни работи Панче Тошковски  во интерву за ТВ 24 изјави дека откако е поставен за министер, дошол до одредени информации и сомнежи за тоа како се постапувало во истрагата во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, за кои како што кажа побарал дополнителна истрага.

Истрагата ќе ја вршат двајца началници, едниот што го поставил Тошковски, а другиот поставен од дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев.






-Да се истражи случајот во целост и да ја затвориме таа тема. Дали во рамките на полициските делувања на припадниците на Министерството за внатрешни работи било постапувано согласно процедурите и стандардите или пак не било. Ќе треба малку време детално да се истражат овие процеси…Имам такви сомневања, врз основа на сознанија откако сум дојден како министер – изјави Тошковски.

 

 

Поврзани содржини