СЕ ОМАЖИ ВДОВИЦАТА НА ХЈУ ХЕФНЕР Наместо јаз од 60 години, меѓу партнерите има само 3 години разлика
Кристал Харис повторно ја пронајде љубовта и се омажи речиси девет години по смртта на својот прв сопруг, основачот на „Плејбој“ Хју Хефнер, кој беше од неа постар цели 60 години.
Кристал Харис, вдовицата на основачот на „Плејбој“, Хју Хефнер, повторно стапи во брак речиси девет години по смртта на својот прв сопруг.
Поранешната зајачица на Плејбој, која сега има 39 години, му го кажа своето судбоносно „да“ на бизнисменот Џејмс Ворд, кој е три години постар од неа, на интимна церемонија одржана на островот Ајтутаки на Куковите Острови.
Двојката се сврши пред речиси една година, а за својата свадба избра локација далеку од вревата на секојдневниот живот.
Кристал, која беше во брак со Хефнер од 2012 година до неговата смрт во 2017 година, рекла дека сака церемонијата да биде што е можно поромантична и поинтимна.
View this post on Instagram
За нејзиниот голем ден, таа избрала луксузна венчаница од дизајнерката Оксана Муха, украсена со повеќе од 5.400 кристали Сваровски, кои, како што вели таа, ја потсетувале на фустан од принцеза на Дизни – романтична, безвременска и женствена.
Младенците, кои ги запознале заеднички пријатели, се отворено вљубени, а Кристал е полна со пофалби за својот нов сопруг.
– Со Џејмс, моите чувства се ценети и почитувани – рекла таа признавајќи дека никогаш не била заљубена на тој начин во Хју.
– Никогаш не бев заљубена во Хеф, но го сакав тој старец онака како што треба да се сакаат стари лица. Онака како што треба да се сака некој што се ближи кон крајот на еден долг и комплициран живот – рекла таа.
Во своите мемоари „Само кажувај добри работи: Преживувајќи го ‘Плејбој’ и наоѓајќи се себеси“, таа напиша: „Животот во вилата не беше бајката на која некогаш се надевав. Однадвор, се разбира, ги имаше сите карактеристики на бајка. Но, не беше, и сите што живееја таму го знаеја тоа.“
Кристал не беше вклучена во тестаментот на Хефнер, но бидејќи беа во брак во времето на неговата смрт, таа имаше право на значителна исплата. Тој ѝ остави и имот во Холивуд хилс во фонд, кој Кристал подоцна го продаде. Остатокот од неговото огромно богатство беше поделен меѓу неговите четири деца, универзитетот и разни добротворни организации.