СЕ ОМАЖИ НАЈМЛАДАТА НОБЕЛОВКА Малала стапи во брак со Асер Малик

Малала на светот му е позната по тоа што во октомври 2012 година поради своите активности за женските права беше застрелана во главата од талибанец, кој упадна во училишен автобус, барајќи ја токму неа.

656

Малала Јусафзаи најмладата добитничка на Нобеловата награда за мир  и борец за правата на образование на жената, се омажи за својот избраник Асер Малик во Бирмингем.

За склучениот брак таа соопшти на Твитер каде што напиша:

„Ова е посебен ден во мојот живот. Асер и јас се обврзавме да бидеме доживотни партнери. Прославивме со мала никах церемонија во домот во Бирмингем со нашите семејства. Молете се за нас. Возбудени сме што ќе поминеме низ животот заедно“.

Малала на светот му е позната по тоа што во октомври 2012 година поради своите активности за женските права беше застрелана во главата од талибанец, кој упадна во училишен автобус, барајќи ја токму неа. Тогаш Малала имаше 14 години.

Нобеловата награда за мир ја доби во 2014 година, на 17 години и со тоа стана најмладата лауреатка во историјата, а оттогаш ја напиша книгата „Јас сум Малала“, зборуваше пред Обединетите нации и се сретна со бегалците.

 

Поврзани содржини