СЕ ОГЛАСИ ЗАЕВ, НО НИТУ ЗБОР ЗА ОСТАВКАТА Загрижен е некој да не ја зароби државата

Во своето прво обраќање откако пред осум дена најави оставка, тој не кажува како ќе дејствува и какви чекори ќе бидат преземени во партијата за избор на нов лидер на СДСМ. 

3,356

Овие денови сведочиме загрозување на Договорот од Преспа, на Договорот за добрососедство со Бугарија, на Охридскиот рамковен договор, на заедничкото едно и еднакво општество, на мирот на граѓаните внатре и на добрите односи со соседите, напиша премиерот во оставка Зоран Заев, кој се огласи за првпат по осум дена откако усно даде оставка од лидер на СДСМ и од претседател на Владата по поразот на локалните избори.

За пуста желба за власт биле спремни државата да ја носат низбрдо, а народот да страда. Но, има оваа држава свој народ, и граѓани, и демократи, и борци, и политичари и партии кои нема да дозволат Мицкоски, Апасиев и Груевски да ја заробат и упропастат државата одново. Нашата кауза е и граѓанска и државничка. Знам дека позади таа кауза како бедем гордо стојат мнозинство од нашите граѓани и мнозинство од нашите пратеници. Демократијата, слободата, солидарноста и заедништвото се нашите вредности“, напиша Заев на својот профил на Фејсбук.






Во своето прво обраќање откако пред осум дена најави оставка, тој не кажува како ќе дејствува и какви чекори ќе бидат преземени во партијата за избор на нов лидер на СДСМ.

Сега веќе поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, при денешното предавање на функцијата на неговата наследничка Данела Арсовска најави дека партијата неделава ќе одржи седница на Извршен одбор на која, како што рече, многу од работите ќе бидат разрешени.

– Тоа што се случуваше во текот на викендот повеќе беше за забава и за замајување на јавноста, во обид некако да се остане во политичка игра. Во текот на неделата ќе се одржи седница на Извршниот одбор на СДСМ на која многу од работите ќе бидат разрешени – рече Шилегов, кој беше единствен од СДСМ кој даде изјава откако осум дена јавноста ја исчекуваше пишаната оставка на Заев, а во меѓувреме опозицијата на чело со ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека има мнозинство во Собранието кое ќе го искористи за гласање недоверба на владата и за одење на брзи парламентарни избори.

По оваа објава на Заев се огласи и ВМРО-ДПМНЕ, која се сомнева дека токму Заев е автор на овој текст.

„Со оглед на фактот што цели осум дена го нема никаде во јавност Зоран Заев кој инаку најави оставка и го снема, отвораме дилема дали вистински седи и позади неговиот последен ФБ статус. Доколку е навистина тој, тогаш добро е да одговори макар и на ФБ, кога ќе си го исполни последното ветување за оставка од премиер и претседател на СДСМ? Кога зборува Заев за кауза, за ЕУ, Бугарија и за Охридски договор, треба да се знае дека мисли единствено за заштита на криминалот, тендерите, кражбите во РЕК. Единствено Заев е загрижен за фотелјата, не и за иднината на државата“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини