Во Сараево се одржа свадбата на годината. Јасмина Изетбеговиќ и Ќамил Хумашкиќ го имаа Реџеп Таип Ердоган за свој кум, а нивниот втор кум (како и тие самите) останаа во сенката на турскиот претседател.
Јасмина Изетбеговиќ, внука на Алија Изетбеговиќ, минатата недела се најде во сите медиуми, благодарение на свадбата од половина милион евра, но и поради присуството на Ердоган.
Ќерката на Бакир и Себија Изетбеговиќ, Јасмина Изетбеговиќ, пред неколку дена се омажи за својот избраник Ќамил Хумашкиќ.
View this post on Instagram
Свадбата на Јасмина и Ќамил привлече големо внимание во јавноста, а меѓу гостите беше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој ѝ беше кум на Јасмина на верската и граѓанската венчавка.
По извршувањето на верската венчавка, прославата продолжила во хотелот „Европа“, а меѓу присутните биле многу високи функционери.
Неколку дена по свадбената церемонија, на својот инстаграм-профил се огласи и самата Јасмина Изетбеговиќ. Таа истакна дека е изненадена од количината на пораките со љубов и поддршка што ги добила во изминатите неколку дена.
„Драги луѓе, ви благодарам! Количината на љубов и поддршка во вашите пораки и честитки е прекрасна и трогателна. Навистина не очекував толку внимание, не можам да стасам да одговорам на сите поединечно, но ви благодарам од срце“, напишала кратко Јасмина.
‘
ФОТО: Инстаграм