Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ во неделата беше дисквалификуван од турнирот УС Опен, бидејќи за време на првиот сет против Пабло Карењо-Буста со топче го погоди линискиот судија.
После кратка консултација на главниот судија и супервизорот, одлучиле да го дисквалификуваат од натпреварот првиот носител, а неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ се огласила по тој повод на социјалните мрежи.
„Целата оваа ситуација ме прави навистина тажен и празен. Проверив како се чувствува линиската судијка и според информациите што ги добив, добро се чувствува, му благодарам на Господ. Нејзиното име не можам да го откријам поради чување на нејзината приватност. Многу ми е жал што ѝ нанесов толкав стрес. Не беше намерно. Беше погрешно“, напишал Новак.
Српскиот тенисер потоа им се извинил на организаторите на натпреварот поради својата постапка.
Кратко потоа, сопругата на Новак, Јелена, му пратила јасна порака на својот сакан.
„Засекогаш покрај тебе, љубов!“, напишала кратко Јелена под неговата објава.
“