СЕ ОЧЕКУВААТ УШТЕ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ, ИНСТУТИЦИИТЕ СЕ ПОДГОТВУВААТ Училиштата и полицајците ќе добијат насоки за постапување
Дојавите за поставени бомби во училиштата се хибридни напади, кои и поматаму ќе се случуваат, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, во врска со заканувачките пораки во повеќе основни училишта во неколку градови.
Дојавите за поставени бомби во училиштата се хибридни напади, кои и понатаму ќе се случуваат, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, во врска со заканувачките пораки во повеќе основни училишта во неколку градови.
– Постојано сум во контакт со министерот за внатрешни работи, сите се лажни дојави. Постапено е според протоколот – рече Мицкоски.
Тој рече дека ваков тип на напади имаше пред некој ден и во Хрватска, а претходно во институциите во Унгарија.
– Претпоставувам дека ова ќе биде континуитет кај нас. Се креира еден протокол за постапување, веќе работната група се состанува и работи на протоколот. До крајот на денот ќе стигнат препораките до директорите на училиштата и до припадниците на МВР што треба да се направи, за да имаме непречено одвивање на наставата – рече премиерот Мицкоски.