СЕ ОБИДЕЛ ДА ПОМОГНЕ, НО САМИОТ НАСТРАДАЛ Загина тракторист од Кавадарци

Кавадарчанецот се обидувал да извлече заглавена „шкода фаворит“ од нива, но тракторот се превртел и го усмртил.

3,431

Тракторист од Кавадарци загина откако врз него се превртел неговиот трактор додека се обидувал да извлече од нива заглавено патничко возило, информира ОВР-Кавадарци.

Околу 14 часот вчера во полициската станица било пријавено дека на патниот правец од Кавадарци кон село Ресава, во месноста Црвена земја“, Љ.К.(54), управувајќи трактор фергусон“, се обидел да извлече од нива патничко моторно возило шкода фаворит“ при што изгубил контрола над тракторот, се излизгал и превртел.






На местото на настанот возачот Љ.К. починал, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР-Кавадарци, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството, соопшти полицијата.

Поврзани содржини