СЕ ОБИДЕЛ ДА НАПАДНЕ ЛЕКАРКА Тетовец ја оштетил и вратата од амбулантата
Дваесетина минути по полноќ, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 46-годишниот Џ.Б. од тетовски Порој, кој се однесувал агресивно на Детското одделение во тетовската Клиничка болница.
Тетовската полиција привела 46-годишник поради пријава за агресивно однесување во Клиничката болница во Тетово. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
– Дваесетина минути по полноќ, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 46-годишниот Џ.Б. од тетовски Порој, кој претходно се однесувал агресивно на Детското одделение во тетовската Клиничка болница, им се заканувал на вработените, се обидел физички да ја нападне лекарката и ја оштетил влезната врата од амбулантата – информира СВР Тетово.
За агресивно однесување кон полицајци, пак, околу 2 часот и 20 минути, во угостителски објект во тетовско Желино, во кој се спроведувала акциска контрола приведени се Б.Б.(30) од тетовско Џепчиште и Х.И.(38) од кумановско Липково.