Се намалува бројот на работници во индустријата, за седум месеци забележан пад од 4,6 отсто

Само во јули споредено со истиот месец лани бројот на работници во индустријата се намали за 6,2 отсто.

284

Бројот на работниците во индустријата во јули годинава во однос на јули минатата година е намален за 6,2 отсто. За седум месеци од годинава споредено со истиот период лани има намалување за 4,6 отсто на работниците во индустријата, објави  Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот„рударство и вадење на камен“ во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, бележи опаѓање од 0,7 проценти, во „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 0,9 отсто,  како и од 6,9 отсто во преработувачката индустрија .






Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули годинава, во однос на јули минатата година, бележи опаѓање кај „енергија“ за 0,9 отсто, „интермедијарни производи, освен енергија“ за 5,4 отсто, „капитални производи“ за 10,9 отсто, „трајни производи за широка потрошувачка“ за 7 отсто и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 5,4 отсто.

Поврзани содржини