„СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ЌЕ СЕ ЗАКИТАМ СО МЕДАЛ“ Ќе се сретне ли Ѓоковиќ со Надал во второто коло?

125

Новак Ѓоковиќ денеска лесно го совлада Австралиецот Метју Ебден, а по мечот изјави дека е среќен што има можност да настапи во Париз и најави голема борба за медалите.

– Искрено, среќен сум што дојдов во Париз. Како што знаете, имав проблеми со повредите, но успеав да заздравам. Почит за мојот ривал, кој е искусен тенисер, но јас имав свој ден и заслужено се пласирав понатаму. Ќе има многу интересни мечеви на овој турнир, а јас се надевам дека повеќе од достојно ќе ја претставам мојата земја и на крајот ќе се закитам со медал – рече Ѓоковиќ.






Српскиот ас во следната рунда ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Шпанецот Рафаел Надал и Унгарецот Мартон Фучович.

 

Поврзани содржини