СЕ НАЅИРА КРАЈОТ НА ЕРАТА НА МАКРОН Тој е ослабен лидер, а Франција тоне во политичка криза

Набљудувачите не ја исклучуваат можноста за оставка на Макрон, иако неговиот претседателски мандат трае до 2027 година. Во Брисел веќе се зборува за крај на неговата политичка кариера. Иако Макрон ја освои власта во 2017 година како симбол на промени, сега се смета за ослабена фигура чие влијание во ЕУ брзо бледнее.

138

Франција повторно се соочува со политичка криза откако новата влада на Себастијан Лекорну падна помалку од 24 часа по преземањето на функцијата, внесувајќи нервоза на пазарите и отворајќи ја можноста за нови избори што би можеле да ја зајакнат крајната десница.

Овие настани доаѓаат во време кога Европа веќе се соочува со низа предизвици, војната во Украина, притисоците на американскиот претседател Доналд Трамп врз меѓународната трговија и растот на популистичките сили, па затоа постои страв дека целата економија на еврозоната наскоро би можела да биде загрозена, пишува Политико.






Загриженоста расте во Брисел и другите европски престолнини, каде што официјалните лица предупредуваат дека авторитетот на претседателот Емануел Макрон на меѓународната сцена, особено во однос на Украина и на Газа, би можел сериозно да ослабне.

Некои проценуваат дека нестабилноста во втората по големина економија во еврозоната би можела да го загрози целиот блок.

– Франција е премногу голема за да пропадне. Оваа политичка нестабилност ја загрозува целата еврозона – изјави дипломат од ЕУ под услов да остане анонимен.

Франција е втора најголема економија во Европската Унија, водечки играч во Г7, единствената нуклеарна сила на ЕУ и постојана членка на Советот за безбедност на ООН.

Подеднакво важно е што под водство на Макрон, оваа политичка сила, која е и еден од клучните актери во обликувањето на европските политики, можеше да се спореди само со Германија.

Сепак, Макрон долго време се соочува со притисок од крајната десница, предводена од Националниот собир на Марин Ле Пен, која води во анкетите, а истовремено се обидува да го реши проблемот со големиот буџетски дефицит.

Набљудувачите дури и не ја исклучуваат можноста за оставка на Макрон, иако неговиот претседателски мандат трае до 2027 година. Француските претставници се обидоа да ја минимизираат кризата, велејќи дека и покрај сложеноста на ситуацијата, „пилотот сè уште седи во пилотската кабина“. Во Брисел, некои дипломати веќе зборуваат за крајот на политичката кариера на Макрон, бидејќи, иако тој ја освои власта во 2017 година како симбол на промени, сега се смета за ослабена фигура чие влијание во ЕУ брзо бледнее.

По вчерашниот пад на владата француските акции и државни обврзници паднаа, додека еврото ослабе во однос на доларот.

– Не е добро за ЕУ ​​што една од нејзините најголеми членки е во криза, особено во сегашната безбедносна ситуација – рече еден функционер од Еврозоната.

Француско-германскиот тандем, традиционално клучен за функционирањето на ЕУ, е тешко да се замисли во овие околности, и покрај германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој во Брисел се смета за подинамичен од неговиот претходник.

– Франција ќе биде отсутна токму кога Русија врши притисок врз европските граници, Кина го зголемува индустрискиот притисок, а Америка на Трамп се однесува непредвидливо. Во овие услови, Франција не може да го обезбеди она што е способна да го даде – изјави француски функционер од кабинетот на министерот во оставка.

Лидерката на Националноит собир Марин Ле Пен веќе го искористи падот на владата за да го повтори барањето за нови избори, а лидерот на холандската десница Герт Вилдерс изјави дека времето на старите европски лидери е завршено.

Поврзани содржини