СЕ МЕРИ ЗРАЧЕЊЕТО ВО ЧЕРНОБИЛ По 35 години експертите влегоа во забранетата зона
По 35 години од нуклеарната катастрофа во Чернобил, локалните експерти за мерење радијација го посетиле забранетото подрачје.
Локалните експерти за мерење на нивото на радијација влегле во Чернобил, 35 години по нуклеарната катастрофа, пренесува ДПА Интернешнал.
Резултатите од тестовите на забранетото подрачје, оддалечено од Киев на околу 100 километри, ќе ги претстават на конференцијата која ќе се одржи во април 2022 година.
Целта на мерењето е да се создаде нова мапа на радиоактивна контаминација во ова подрачје, а последното целосно мапирање било во 1980 година.
Заедно со германските колеги, локалните експерти ќе работат барем до петок, рече Кристофер Штробл од германската канцеларија за заштита од радијација, а во акцијата учествува и германската федерална полиција.
– Имаме два хеликоптера кои имаат дозволено по 120 часа лет – објаснија од федералната полиција.
Нивниот план е хеликоптерите да вршат мерења од висина од 100 метри, што овозможува откривање на кое било јадро на радијација од далечина. Но, на експертите не им е дозволено да летаат и да мерат директно на заштитниот „саркофаг“ над реакторот. Забранетата зона околу нуклеарната централа зафаќа повеќе од 2.500 квадратни километри.