СЕ КИДНАПИРААТ МИЛИОНЕРИ КОИ СЕ ЗБОГАТИЛЕ СО КРИПТОВАЛУТИ На еден му отсекле прст во Париз

307

Француската полиција истражува серија киднапирања на милионери кои го стекнале своето богатство во криптовалути откако киднапери му отсекоа прст на еден од нив, барајќи неговиот син да плати откуп.

По тој инцидент, киднапираниот сопственик на компанија за рекламирање криптовалути бил ослободен доцна вечерта во саботата од куќа јужно од Париз. Бил киднапиран во четвртокот навечер.






Истражителите веруваат дека киднаперите немало да престанат да го повредуваат доколку тој не беше спасен.

Полицијата привела пет лица кои биле во таа куќа и се на возраст од дваесетина години.

Поврзани содржини