Сe избричил првпат по 10 години и ја шокирал сопругата која никогаш не го видела без брада ВИДЕО

1,327

Додека многу во карантинот малку се запустија, професионалниот модел и амбасадор за производи за нега на брада Карлос Коста го направи токму спротивното – тој ја избричи брадата првпат после 10 години.

– Поминаа 10 години откако си го имам видено лицето и тоа се променило. Сега имам 40 години,  остарев и сакам да видам како изгледам без брада – рекол Карлос и додава дека неговата сопруга која ја запознал пред седум години никогаш не го видела без брада.






– Не се сеќавам дека сум бил ваков – вели Карлос откако, со неколку потези, завршил со бричењето.  Неговата сопруга Џена имала малку посилна реакција, била шокирана.

– Ова е чудно. О, Боже, не можам да те гледам. Не личиш на себе – вели Џена во видеото откако првпат ќе го види својот сопруг без брада..

По првобитниот шок таа забележaла дека Карлос сега, всушност, изгледа помладо.

– Знаеш ли што е чудно? Сега можам да ти ги видам усните додека зборуваш. Кога подобро ќе размислам, никогаш не сум видела како ти се движат усните додека зборуваш – рекла Џена.

 

FOTO: Jutjub

Поврзани содржини