Од женската ракометна лига на Украина стигна неверојатна снимка на тепачка меѓу ракометарки.
При утакмица на второпласираната екипа Дњепарк Херсон и третопласираниот тим Реал Николаев при крај на натпреварот дошло до општа тепачка на теренот.
При резултат од 27:24 при фаул на гостувачкиот тим одговорено било со удар, па настанала сеопшта мешаница.
Се вмешале и машките членови на стручните штабови, па и тие во еден момент си размениле удари и застанале во одбрана.
За тоа време една од судијките која била во крупен кадар се фатила за глава неверувајќи што се случува.