СЕ ГРАДИ НОВ МОДЕРЕН БАЗЕН ВО БУТЕЛ Ветувањето за здрави генерации станува реалност, порача Костовски

Актуелниот градоначалник и кандидат за втор мандат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски, изјави дека проектот е дел од визијата за создавање здрави генерации и унапредување на спортската инфраструктура во општината.

36

Граѓаните на Општина Бутел наскоро ќе добијат нов современ затворен базен, кој ќе се гради во дворот на ООУ „Св. Климент Охридски“ во населбата Бутел 1. Станува збор за втор ваков објект во општината, покрај веќе започнатата изградба на базенот во дворот на ООУ „Ацо Шопов“.

Актуелниот градоначалник и кандидат за втор мандат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски, изјави дека проектот е дел од визијата за создавање здрави генерации и унапредување на спортската инфраструктура во општината.






– Со големо задоволство најавувам дека Бутел добива уште еден затворен базен. Овој објект ќе биде симбол на здрав живот и грижа за нашите деца. Од првиот ден кога станав градоначалник, ветив дека детската благосостојба ќе биде во фокусот на мојата работа – и тоа ветување го исполнуваме – рече Костовски.

Тој додаде дека пливањето како спорт има огромно значење за здравиот развој на младите, но и за промоција на активен и квалитетен живот на сите жители.

– Со овие инвестиции не создаваме само услови за развој на идни спортски таленти, туку и простор за рекреација и здрав живот на секој граѓанин. Со ефикасна работа и јасна визија, успеавме да го забрзаме развојот на спортската инфраструктура во Бутел – нагласи градоначалникот.

Новиот базен, кој веќе има готов проект во 3Д форма, ќе биде изграден според најсовремени стандарди, а општината најавува дека изградбата ќе започне веднаш по завршувањето на административните постапки.

Костовски потенцира дека неговиот тим ќе продолжи со силна динамика и посветеност во реализацијата на проектите кои го подобруваат животот на жителите на Бутел.

– Ова е само уште една потврда дека кога има волја и визија, резултатите се видливи. Ќе продолжиме да ги создаваме потребните услови за подобар живот и развој на нашата општина – порача тој.

Поврзани содржини