СЕ ГРАДИ БУЛЕВАРОТ ТУРИСТИЧКА ВО СТРУГА За две години вложени 5,6 милинои евра во капитални проекти во општината

Преку Министерството за транспорт се градат булаверот Туристичка вреден 175 милиони денари и улицата Источноколекторска која се спојува со Туристичка, изјави министерот за транспорт Александар Николоски кој имаше работен состанок со градоначалникот на Струга Менди Ќура.

0

Општина Струга за неполни две години во двата повика од Министерството за транспорт доби 5,6 милиони евра за реализација на капитални инвестиции. Поддршката продолжува, заеднички работиме на големи инфраструктурни проекти, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој имаше работен состанок со градоначалникот Менди Ќура и изврши увид на градежните работи на булаверот Туристичка.

Николоски и Ќура на состанокот ги утврдиле приоритетите за следниот период.






– Преку Министерството за транспорт се градат булаверот Туристичка вреден 175 милиони денари и улицата Источноколекторска која се спојува со Туристичка. А во соработка со Светска банка имаме проект кај Езерски Лозја што се финализира и за кој денеска добивме уверување од изведувачот дека до крајот на следната недела работите ќе бидат завршени во целост и ќе може да биде пуштен во употреба – рече Николоски.

Со поддршка на Владата, преку Министерството за животна средина, додаде, се работат неколку канализациски системи.

– Се работи канализацискиот систем во Враништа, мрежа од околу 7 километри, но ќе видиме дали ќе можеме да додадеме уште еден километар мрежа. Зборувавме и за нов проект – колекторот да продолжи до магистралниот пат од Струга до Охрид и кај Мислешево да се направи уште еден кружен. Ќе продолжиме да ја поддржуваме општината и заеднички да работиме на големи инфраструктурни проекти – потенцира Николоски.

Поврзани содржини