Се градат 29 социјални станови во Велес
Во земјата во тек е изградба на 660 станови, соопшти министерот за трнаспорт и врски Благој Бочварски.
Градиме преку 660 станови за социјално ранливи категории на граѓани за да овозможиме пристоен дом на ранливите семејства. Во Велес активно работиме на изградба на станбена зграда со 29 станови за социјално ранливи семејства, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната посета на општина Велес.
Зградата има 29 станбени едници, а вкупната вредност е 42.000.000 денари. Според договорот треба да биде завршена во мај следната година.
– Оваа година во буџетот на Министерството за транспорт и врски беа предвидени 134.000.000 денари за реализација на ваков тип на социјални згради, а во текот на минатата година сите средства што беа предвидени се реализирани. Само во овој момент работиме на изградба на преку 660 станови во неколку општини- рече Бочварски.
Директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор Кристијан Трајковски најави дека за кратко време ќе започне изградба на станбена социјална зграда и во Дебар.
– Завршени се постапките за уште три социјални згради, а во тек е избор на изедувач на објект од ваков тип во Дебар. Заедно со Министерството за транспорт и врски се работи и на ново законско решение со кое се предвидува полесен начин за откуп на социјалните станови опфатени со претходниот проект Ф/П 1340, како и на општествените станови и тоа во насока на пониски каматни стапки и поголем број рати за отплата – рече Трајковски
За градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски, изградбата на оваа социјална зграда е од огромно значење за обезбедување на дом за ранливите семејств во градот.
– Во досегашниот период често се случува од странките кои доаѓаат во општина Велес да бараат социјална помош или социјален стан, но со изградбата на овие станови малку ќе се амортизираат притисоците и барањата да дојдат до пристоен дом на живеење барем на 29 семејства од Велес- рече Коцевски.