📽️ „СЕ СОБРАА ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ОТКОЛКУ ШТО ГРАДОТ ИМАШЕ ЖИТЕЛИ ВО 1990-ТИТЕ“ Колку лица протестираа во Нови Сад?

За време на пикот на ненајавениот собир, на подрачјето на градот Нови Сад, од 11:52 до 12:08 часот, присутни беа околу 39.000 граѓани, кои пристигнаа во Нови Сад од цела Србија, соопшти МВР на Србија.

2,575

Мирно и без какви било инциденти помина денешниот комеморативен собир во Нови Сад на годишнината од загинувањето на 16 луѓе по пад на  бетонска настрешница на железничката станица во Нови Сад. На собирот беа илјадници луѓе од цела Србија. Во текот на целиот ден, во сите протестни зони во Нови Сад владееше тишина, без слогани.

Студентите во блокада по 16-минутната тишина и вечерва објавија дека комеморативниот собир е завршен и упатија порака;






„Се гледаме утре и секој друг ден додека не се задоволи правдата“.

„За време на пикот на ненајавениот собир, на подрачјето на градот Нови Сад, од 11:52 до 12:08 часот, присутни беа околу 39.000 граѓани, кои пристигнаа во Нови Сад од цела Србија“, соопшти МВР на Србија.

Српските медиуми се поделени во известувањето за собирот. На социјалните мрежи се лицитира со бројката од 160.000 граѓани. Новинарот од Нови Сад, Жарко Богосављевиќ, за Н1 изјави дека ова е најголемиот собир во историјата на градот Нови Сад бидејќи „денеска на улиците имало повеќе луѓе отколку што градот имал во 1990-тите“.

Пред една година на денешен ден во Нови Сад, 16 лица загинаа, а едно девојче беше тешко повредено кога се урна настрешницата на реновираната железничка станица. Една година подоцна, кривичната одговорност за тој настан се уште не е утврдена.

Настрешницата на железничката станица во Нови Сад се урна на 1 ноември 2024 година во 11:52 часот претпладне и притоа загинаа 14 лица, меѓу кои четири деца – на возраст од шест, 10, 16 и 17 години, додека три лица беа тешко повредени. Меѓу загинатите беше и еден Македонец.

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека денеска во Нови Сад, со почеток во 10 часот наутро, ќе се одржи ненајавен јавен собир по повод годишнината од трагедијата кога 16 граѓани загинаа како резултат на падот на настрешницата на железничката станица во овој град.

 

 

 

Оттаму потврдија дека во претходниот дел од овој јавен собир немало инциденти или интересни безбедносни настани.

Студенти и граѓани со денови пешачеа од различни делови на Србија за да им се придружат на студентите од Нови Сад во оддавањето почит на жртвите.

Комеморативниот собир помина мирно, а за време на говорот, Дијана Хрка, мајката на загинато момче од падот на бетонската настрешница, најави штрајк со глад и го повика претседателот Александар Вучиќ да распише избори.

Делегацијата на Европската Унија во Србија издаде соопштение во кое изразува сочувство и солидарност. Соопштението го поддржаа амбасадите на сите земји-членки на ЕУ во Србија, освен Унгарија, пишува Н1. Во соопштението објавено на официјалната веб-страница на Делегацијата на ЕУ се наведува дека Унијата продолжува внимателно да ја следи моменталната политичка ситуација во Србија.

 

Поврзани содржини