ТИНЕЈЏЕР ЗАГИНА ПРЕД ОЧИТЕ НА МАЈКА СИ ВО ЛУНА ПАРК ВО ПЕФКОХОРИ „Се држев за шипката, а брат ми излета од столчето“
Полицијата веднаш реагирала и го привела сопственикот на забавниот парк. Истрагата ќе покаже дали несреќата е резултат на човечка грешка, технички дефект или несоодветно одржување на апаратите.
19-годишно момче загина по пад од височина во луна парк во Пефкохори, Халкидики, пишува порталот Екатимерини.
Несреќата се случила вчеравечер откако столчето на справата на која седел се скршило. Брзата помош пристигнала брзо и тој бил итно пренесен во болницата во Полигирос, но им подлегнал на тешките повреди.
Момчето дошло со семејството на Халкидики и сите заедно отишле во забавниот парк. Во еден момент му пукнала столицата на апаратот на кој седел. Полесно повреден е и неговиот 16-годишен брат кој седел до него.
Според неговите изјави за грчките медиуми, справата се движела многу бргу, пишува српски Телеграф.
– Отидовме во забавниот парк и тргнавме на возење. Седнавме на седиштата, а потоа сопственикот ни рече да се помрднеме. Пред да започне возењето рече дека ќе биде добро. Отпрвин сè започна полека, а потоа сѐ побргу и побргу. Седиштето ни се лизга, му реков на брат ми. Потоа почувствував како се откачи дел зад мојот грб – објасни братот на погинатото момче.
Потоа ги опиша драматичните сцени што следеа.
– Во секунда паднав на грб и сфатив дека брат ми не е до мене, се припивав за железната шипка, а брат ми излета од седиштето, не одлета далеку, но ме удри по глава, јас се задржав. Сето ова се случи пред нашиот брат и мајка. Операторот го немаше никаде, други луѓе ја запреа справата. Кога слегов, видов дека брат ми лежи наземи – објасна момчето.
Полицијата веднаш реагирала и го привела сопственикот на забавниот парк. Истрагата ќе покаже дали несреќата е резултат на човечка грешка, технички дефект или несоодветно одржување на апаратите.
Градоначалникот на Пефкохори, Јоргос Циркудис, рече дека не знае кој е одговорен за забавниот парк и додаде дека паркот постои 20 години.