СЕ ДОГОВОРИЛ СО ВОЗАЧОТ, А ПОТОА ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА Моторџија од Скопје со тешки повреди по судирот

Несреќата се случила на булевар Александар Македонски, а мотоциклистот подоцна ја сфатил сериозноста на повредите и завршил во болница.

611

Возач на мотоцикл од Скопје (32) се здобил со тешки телесни повреди по сообраќајна несреќа што се случила на булевар Александар Македонски, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Од полицијата информираа дека несреќата се случила при судир помеѓу мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од повредениот М.Ј.(32), и патничко возило марка „шкода јети“, исто така со скопски регистарски таблици.






– Двајцата возачи се договориле на самото место и си заминале, по што подоцна мотоциклистот побарал лекарска помош, при што бил донесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ со тешки телесни повреди – велат од МВР.

Од полицијата додаваат дека е извршен увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани содржини