СЕ ДАВА ВО ТРИ ДОЗИ Куба започна со извоз на својата вакцина против ковид-19

Во Иран се произведува уште една кубанска вакцина против ковид-19, за која Куба побара одобрување од Светската здравствена организација со надеж дека ќе го прошири извозот на своите вакцини.

265

Куба започна комерцијален извоз на домашни вакцини против ковид-19, испраќајќи пратки во Виетнам и Венецуела од вакцина Абдал која се прима во три дози.

Кубанскиот центар за генетска имунологија и биотехнологија, исто така, објави дека првите пратки на дози Абдала биле испратени во Венецуела викендов.






Виетнамскиот претседател Нгуен Ксуан Фук ја посети Куба минатата недела и ја посети лабораторијата што ја произведува вакцината, објавувајќи договор за купување на најмалку пет милиони дози.

Венецуелскиот потпретседател Делси Родригез во јуни објави дека земјата се согласила да купи кубанска вакцина вредна 12 милиони долари.

Во Иран се произведува уште една кубанска вакцина против ковид-19, за која Куба побара одобрување од Светската здравствена организација со надеж дека ќе го прошири извозот на своите вакцини.

Кубанските научници рекоа дека вакцините се повеќе од 90 проценти ефикасни против ковид-19, пренесува АП.

Куба планира целосно да вакцинира 90 проценти од своето население до крајот на ноември, што е клучен чекор за повторно отворање на економијата која е многу зависна од туризмот.

Кубанскиот директор на Институтот за епидемиологија Франциско Дуран во понеделникот рече дека во земјата досега се регистрирани 860.799 инфицирани со ковид-19 и 7.279 смртни случаи во земјата со околу 11 милиони жители.

Поврзани содржини