Ѝ СЕ ДАВА „ПАС“ НА „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ До крајот на јануари ќе заврши целата експропријација за патните коридори

Проблем, како што изјави министерот за транспорт и врски Николоски, ќе биде делот од коридорот кој зафаќа во делот од заштитената зона на Охридското Езеро.

920

Се интензивира градбата на автопатите од коридорот 8 и 10д кои ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка“ за кои експропријацијата на површините е при крај, изјави денеска министерот за транспорт и врски Александар Николоски.

– Во однос на експропријацијата имаме голем прогрес. До крајот на јануари ќе биде завршена целата експропријација. Како пример можам да кажам дека додека дојдов на министерската позиција, одноsно за 2 години беше завршена 20% од експропријацијата, а за шест месеци ќе биде завршена 75%. што многу зборува за посветеноста. Така за најтешката делница Гостивар-Букојчани до август беа завршени околу 400 постапки за експропријација од вкупно 1.290 кои треба  да се завршат. Останатите ќе ги завршиме за 5 до 6 месеци и до крајот на јануари ќе заврши целокупната експропријација во делот на коридорите 8 и 10д со исклучок на делот од коридорот кој зафаќа во делот од заштитената зона на Охридското Езеро – рече Николоски.

 

Поврзани содржини