СЕ ЧУВСТВУВАМ КАКО МАКЕДОНЕЦ Ти-Џеј Шортс сам ја „растури“ Данска и им упати порака на навивачите
Македонската репрезентација има максимални четири победи на исто толку средби во претквалификациите за Евробаскет 2025.
Јунакот во победата на македонската кошаркарска репрезентација на синоќешниот дуел со Данска, Ти-Џеј Шортс ѝ се заблагодари на публиката во Гевгелија за големата поддршка.
Новиот натурализиран играч на „црвено-жолтите” натпреварот го заврши со 33 поени, шест асистенции и пет освоени топки.
– Сакам да им честитам на Данците за отпорот кој го пружија. Им благодарам на сите во публиката кои ни дадоа дополнителен ветер, а ние им се оддолживме со играта. Се чувствувам како дома, како Македонец. Благодарен сум што сум тука, и благодарен сум на поддршката од сите – изјави Шортс.
Македонската репрезентација има максимални четири победи на исто толку средби во претквалификациите за Евробаскет 2025.