СЕ ЧУВСТВУВАМ КАКО ГРК, НЕ ЗНАМ ГРЧКИ Ѓоковиќ од Атина испрати порака за нов почеток
Се чувствувам како Грк, но уште го немам научено грчкиот јазик. Не е лесно. Главниот план за оваа сезона ми е да останам здрав и среќен, изјави српскиот тениски ас по средбата со министерот за миграција на Грција. Според министерот Плеврис, Ѓоковиќ има план да остане да живее во Атина.
По настапот на Австралија опен, каде стигна до финалето, но не го освои 25-тиот гренд слем трофеј, српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ ја искористи паузата како гледач на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. Потоа се врати во Атина, градот кој во изминатиот период го избра за свое живеалиште.
Во грчката престолнина остана активен. Прво беше на трибините на евролигашкиот дуел меѓу Олимпијакос и Црвена ѕвезда, а потоа одржа и неколку деловни средби.
На една од нив се сретнал со министерот за миграција на Грција, Танос Плеврис. Дел од грчките медиуми објавија дека министерот рекол:
– Голема чест е што со своето семејство сакате да останете во нашата земја.
Пред кошаркарскиот меч, во изјава за грчката телевизија АНТ1, Ѓоковиќ бил запрашан дали веќе се чувствува како Грк.
– Се чувствувам како Грк, но уште го немам научено грчкиот јазик. Не е лесно. Главниот план за оваа сезона ми е да останам здрав и среќен – изјави српскиот тенисер.
По големите спортски предизвици, Ѓоковиќ очигледно бара мир, стабилност и нова енергија во Атина.
View this post on Instagram