Се чека мислењето на Комисијата за заразни болести за моделот на организирање на наставата во училиштата

Врз основа на мислењето на Комисијата ,владата ќе одлучи каков модел ќе прифати за спроведување на наставата во основните и средните училишта.

276

Владата ќе го чека мислењето на Комисијата за заразни болести за Планот за одржување на наставата во училиштата во учебната 2020/2021 година на Министерството за образование и наука, па ќе одлучи каков модел ќе се користи  за организирање и спроведување на наставниот процес во основните и средните училишта.

Вака одлучила владата на денешната седница на која ја  разгледа и усвои Информација со План за одржување на наставата во училиштата во учебната 2020/2021 година на Министерството за образование и наука.






– Владата донесе заклучок таа да биде споделена со Комисијата за заразни болести, по што врз основа на мислењето на Комисијата ќе биде донесена одлука за моделот за организирање и спроведување на наставниот процес во основните и средните училишта – информираат од владината пес-служба.

 

Поврзани содржини