СЕ ЧЕКА ЕКСПЕРТСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА АВТОПАТОТ КИЧЕВО – ОХРИД Следната недела ќе се одлучува дали да се раскине договорот со „Синохидро“

Ревизијата на целокупниот проект од проектирање до изведба на патот Кичево – Охрид, кој се гради веќе десет години, почна на почетокот на минатиот месец кога премиерот  Димитар Ковачевски изјави дека е можно раскинување на договорот.

359

До крајот на неделава се очекува да биде доставен извештајот за ревизијата на автопатот Кичево – Охрид, од кој зависи дали државата ќе го раскине договорот со кинеската „Синохидро“, изјави денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Тој очекува конечна одлука да се донесе на седница на влада.






– Сите одлуки и идни чекори ќе ги носиме заеднички со Владата, ќе ја презентираме целата моментална состојба, но таа презентација и пред сѐ идните чекори треба да дојдат од експертите кои што ќе дадат насоки како да продолжиме со најдобрите решенија со цел овој автопат да биде завршен – рече Бочварски по обиколка на изградбата на браната Отиња кај Штип.

Според него, автопатот ќе биде завршен, но пред тоа треба да се разгледаат препораките на екпсертите.

-Но, притоа треба да се запазат сите процедури на експертите кои што ќе ги предвидат и по оној план кој што ќе го дадат тие, по тој план ќе работи и јавното претпријатие и Владата – рече Бочварски.

Ревизијата на целокупниот проект од проектирање до изведба на патот Кичево – Охрид, кој се гради веќе десет години, почна на почетокот на минатиот месец кога премиерот  Димитар Ковачевски изјави дека е можно раскинување на договорот.

Овој автопат се гради 10 години.

Поврзани содржини