СЕ БРОЈАТ ЖРТВИТЕ ОД КАТАСТРОФАТА Ураганот Ида однесе 50 животи, многумина се водат како исчезнати

Во Њујорк се потврдени 17 смртни случаи, четири во Вестчестер, а останатите во градот Њујорк, каде речиси сите жртви беа заробени во нелегални подрумски станови, изјави портпаролката на гувернерката Кејти Хочул.

211

Најмалку 50 луѓе загинаа во ураганот Ида, кој го погоди североисточниот дел на САД, додека голем број луѓе сè уште се водат како исчезнати, а папата Франциско ги повика погодените од катастрофата да бидат силни.

Во Њујорк се потврдени 17 смртни случаи, четири во Вестчестер, а останатите во градот Њујорк, каде речиси сите жртви беа заробени во нелегални подрумски станови, изјави портпаролката на гувернерката Кејти Хочул.






Во Њу Џерси има 27 жртви во невремето, а четири лица се уште се водат како исчезнати, изјави портпаролот на гувернерот Фил Марфи.

Бројот на загинати во Луизијана се зголеми на 12, а се стравува дека би можело да има повеќе, истакна гувернерот на таа сојузна држава, Џон Бел Едвардс.

Поврзани содржини