„СЕ БОРИМЕ ПРОТИВ ЗАПАДНАТА АГРЕСИЈА“ Кадиров испраќа уште 3.000 суперопремени војници во Украина
Кадиров во мај изјави дека Чеченија испратила повеќе од 26.000 борци да се борат во Украина како дел од руските сили од почетокот на војната меѓу Русија и Украина, пренесува Танјуг.
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека уште 3.000 негови борци се подготвени да заминат да се борат во Украина како дел од единиците на руското Министерство за одбрана и силите на руската Национална гарда.
„Борците ја имаат најдобрата опрема и модерно оружје. Покрај тоа, момците се многу борбени и многу мотивирани да постигнат резултати“, напиша Кадиров на Телеграм.
За Кадиров војната во Украина е бедем против „западната агресија“, пренесува Ројтерс.
Кадиров во мај изјави дека Чеченија испратила повеќе од 26.000 борци да се борат во Украина како дел од руските сили од почетокот на војната меѓу Русија и Украина, пренесува Танјуг.