СЕ БАРА ВОЗИЛО ПОВЕЌЕ ЗА ПРОТЕСТОТ ВО САБОТА Мицкоски е сигурен дека на избори владата ќе биде срушена
Лошиот живот, инфлацијата, лошата економија стануваат неподносливи, а огромен број на граѓани бараат излез од актуелната состојба. И, знаејќи дека поминаа 5 години од истата влада, многу јасно е дека за неколку месеци од сега нема да се живее подобро. Од тој аспект најдобро решение се избори, на кои оваа Влада ќе биде срушена, порача Мицкоски.
По општинските комитети се бара возило повеќе за да им се овозможи на луѓето кои изразиле желба да присуствуваат на протестот в сабота, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и најавува масовност. Знамиња, пароли, пораки за промени, обезбедување возила за превоз. Во општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ е многу фреквентно, со оглед дека привршуваат подготовките за најавениот протест на 18-ти јуни во Скопје. Очекувам голема посетеност и одзив на народот на протестот кој ќе се одвива под слоганот ‘Премногу е! Протест за промени’, вели за ДВ лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.
Тој вели дека лошите економски услови, го прават животот во Македонија неподнослив.
– Лошиот живот, инфлацијата, лошата економија стануваат неподносливи, а огромен број на граѓани бараат излез од актуелната состојба. И, знаејќи дека поминаа 5 години од истата влада, многу јасно е дека за неколку месеци од сега нема да се живее подобро. Од тој аспект најдобро решение се избори, на кои оваа Влада ќе биде срушена. Подготовките течат на солидно ниво и можам да кажам дека има огромен интерес и одзив на многу луѓе кои ќе дојдат во Скопје на 18-ти јуни. По општинските комитети се бара возило повеќе за да им се овозможи на луѓето кои изразиле желба да присуствуваат на тој протест – изјави Мицкоски.