СЕ БАРА ПРАВДА ЗА 62 ЖИВОТИ Започнаа сослушувањата на застапниците на жртвите
Дополнително, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција води дел од предметот кој се однесува на полициски службеници, осомничени за несоодветно постапување или пропусти во службата, во моментите пред и за време на несреќата.
Сослушувањата на законските застапници на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани започнаа денеска, како дел од обемната истрага што ја водат надлежните обвинителства во Кочани, Штип и Скопје.
Постапката се спроведува по строго утврден распоред и во координација со семејствата на загинатите, со активна поддршка од граѓанската организација „Support Kocani“.
Трагичниот настан, кој се случи на 16 март 2025 година, ја потресе целата земја. Во пожарот животот го загубија 62 лица, додека повеќе од 200 беа повредени. Истрагата која следеше беше насочена кон целосно расветлување на причините и можната одговорност за катастрофата.
Според најновите информации, осомничени се 45 физички и три правни лица, со сомнежи за различни форми на пропусти – од техничка и безбедносна негрижа, до сериозни институционални откажувања.
Дополнително, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција води дел од предметот кој се однесува на полициски службеници, осомничени за несоодветно постапување или пропусти во службата, во моментите пред и за време на несреќата.
Семејствата на жртвите, преку правни застапници и со поддршка од невладиниот сектор, инсистираат на целосна правда и одговорност за сите инволвирани.