СЕ БАРА „КУМОТ“ НА ОЗЛОГЛАСЕНАТА „КОЗА НОСТРА“ Италија сака да расчисти со мафијата

Шефовите на мафијата можат да бегаат од своите родни градови, но некогаш сигурно ќе се вратат, кажа за Раи 1 обвинителот за борба против мафијата, Федерико Кафиеро.

1,671

Италијанската полиција во Сицилија трага по врховниот „кум“ на озлогласената „Коза Ностра“, можеби најголема мафијашка организација во земјата, пишува МКД. Месина Денаро е „капо ди тути капи“, а доживотен затвор морало да му биде досуден во негово отсуство.

Денаро(56) е обвинет за убиства на судиите и ловци на мафијаши Џовани Фалконе и Паоло Борселино, убиени во два бомбашки напади со неколку телохранители во 1992 година, како и за многу други убиства.






– Шефовите на мафијата можат да бегаат од своите родни градови, но некогаш сигурно ќе се вратат – кажа за Раи 1 обвинителот за борба против мафијата, Федерико Кафиеро.

Поврзани содржини