СЕ ЈАВУВАЛ ДА ИМ КАЖЕ ДЕКА НИВНИ БЛИЗОК НАПРАВИЛ СООБРАЌАЈКА Уапсен измамник кој се претставувал како инспектор
Под изговор дека нивен член на семејството предизвикал сообраќајна несреќа во која има загинати лица, измамникот барал пари да им помогне да не одат во затвор.
Во Полициската станица Свети Николе вчера, само во рок од три часа, биле пријавени седум обиди за измама.
Според пријавеното, едно лице, кое се претставувало како полициски инспектор, се јавувало на граѓаните и под изговор дека нивен член на семејството предизвикал сообраќајна несреќа во која има загинати лица, барал пари да им помогне да не одат во затвор. Се работи на расчистување на случаите.