СЕ ЈАВИ „ПИЈАНАТА“ НАВИВАЧКА Испив само два коктела и сакав да го охрабрам

Можеби малку претерав…, но имав само добри намери, изјави таа за британските медиуми.

3,037

Аниа Палус (32), адвокатка од Полска, е навивачката која австралискиот тенисер Ник Кирјос ја обвини дека е пијана и дека го деконцентрира од играта на вчерашното финале на Вимблдон.

Немав капа, па температурата дефинитивно имаше ефект. Испив два коктела, не 700. Навистина ми е жал. Сакав да покажам дека сме тука за Кирјос, сакав да го охрабрам. Сакав да го поддржам. Можеби малку претерав…, но имав само добри намери – изјави таа за британските медиуми.






Откако Кирјос се пожали кај судијата, Палус беше накратко отстранета од трибините за да се „отрезни и хидрира“, по што ѝ било дозволено да се врати на своето место.

ИЗБРКАЈТЕ ЈА, ИСПИЛА 700 ПИЈАЧКИ! Кирјос збесна во финалето (ВИДЕО)

Поврзани содржини