СЕ ЈАВИ ДВОЈНИЧКАТА НА КЕЈТ МИДЛТОН „Сега сѐ отиде предалеку“
Британката Хајди Аган веќе подолго време има профил на Инстаграм наречен „Двојничка на Кејт Мидлтон“, каде објавува разни фотографии на кои ја покажува нејзината сличност со принцезата.
Британката Хајди Аган, која многумина ја нарекуваат двојничката на Кејт Мидлтон, се огласи по тврдењата на социјалните мрежи дека на видеата и фотографиите не е принцезата од Велс, туку таа.
– Очигледно имаше шпекулации за тоа дали Кејт Мидлтон е во тоа видео. Добив многу пораки на социјалните мрежи. Луѓето мислеа дека сум јас, но не беше така. Тогаш бев на работа, па 100% сум сигурна дека во тоа видео се Кејт Мидлтон и принцот Вилијам. Кејт е жива, можеме да бидеме сигурни во тоа. Сѐ сега отиде предалеку. Започна како шега за тоа каде е Кејт, но сега навистина се претвори во драма. Ова треба да престане – изјави Хајди за Мирор.
Аган веќе подолго време има профил на Инстаграм наречен „Двојничка на Кејт Мидлтон“, каде објавува разни фотографии на кои ја покажува нејзината сличност со принцезата.
View this post on Instagram
Хајди е еден вид ѕвезда во Велика Британија и живее од својот изглед веќе 12 години. Таа купува облека каква што носи Кејт, се шминка како неа, носи сличен накит и има иста фризура.
Добила илјадници предлози за брак, а признала дека добивала и смртни закани.
– Кога првпат се случи, бев изненадена од степенот на омраза што доаѓаше од луѓето, но сега научив дека е така како што е. Секој има свое мислење – објасни таа.
View this post on Instagram