СЕ АПСАТ ДЕМОНСТРАНТИ Присутните гневни, фрлаат предмети кон специјалците

1,879

Специјалната полиција ги растера демонстрантите кои се најдоа пред Собрание и приведе дел од нив.

Приведени се неколкумина демонстранти, претежно млади момчиња кои беа со качулки на глава и фрлаа кон специјалците со се што им се најде при рака.






Присутните на протестот фрлаат со предмети кон полицајците и бараат да ги ослободат демонстрантите.

Бројот на полициски сили се зголемува од минута во минута, а некои од нив имаат и полициски кучиња.

Претходно неколку полицајци беа повредени и беа пренесени во болница со амбулантно возило.

 

фото: Република.мк

Поврзани содржини