Ставовите на криминалецот во бегство Никола Груевски потврдуваат дека зад бојкотот, зад саботажата на пописот стои лично тој, а Христијан Мицкоски е само негов извршител, обвини СДСМ преку соопштение.
Можеби ќе ве интересира
„Уште еднаш се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ е раководена од Будимпешта, а Мицкоски е само чувар на фотелјата во белиот дворец. ВМРО-ДПМНЕ со Груевски и Мицкоски сè уште е во режимската матрица, сè уште работи против интересите на граѓаните и државата“, се вели во соопштението.