СДСМ ВО КЛИНЧ СО САША БОГДАНОВИЌ, ТОЈ ИМ ВОЗВРАТИ „Чија партија е усташка и кој e србофоб?“
Пишувањава се како лични профили на неколку помали србофобни коалициони портали кои својата политичка кариера ја градат на србофобија кои се длабоко влезени во СДСМ со цел да ја спроведуваат својата србофобна политика, напиша поранешниот градоначалник на Центароткако претходно СДСМ го обвини дека тој е „член ан ВМРО-Ванчовистичка“ и дека треба да прочита „со кого соработувале усташите од НДХ“.
СДСМ со партиско соопштение распука по својот неодамнешен член Саша Богдановиќ,кој во последно време го критикува раководството на опозициската партија. Од таму го нарекоа поранешниот градоначалник на Центар „Координатор на СНС за Македонија“ и дека ја продал партијата за пари.
„Очигледно некој треба да му го одземе пристапот од Фејсбук страницата и веб страната на СДСМ и на тој што ги пишува соопштенијата затоа што ако има лични фрустрации од некого не треба да ја користи партијата за свои пресметки. Пишувањава се како лични профили на неколку помали србофобни коалициони портали кои својата политичка кариера ја градат на србофобија кои се длабоко влезени во СДСМ со цел да ја спроведуваат својата србофобна политика.
Мојот став е кажан јавно и стојам позади него а го базирам на настапите на неколку членови од старо новото раководство кои преку свои јавни настапи мораат да ја докажат својата србофобност мораат јавно да излезат и тоа да го потенцираат преку јавни настапи а сега уште повеќе го засилуваат преку соопштенија и прес конференции.
Моите укажувања се и лични до многу другари кои ги знам таму и истиот став го делат многу поранешни подржувачи на СДСМ. Ако сфатите сфатите ако не, запамтете дека омразата води кон самоуништување.
П.С. Како некој не ви сметал пред неколку години кога ви требаше некој да ви пружи рака за да се помогне за државата?!“