„СДСМ ВО ХУМОРИСТИЧЕН СТРИП“ Државната каса ја оставија празна, а сега со крокодилски солзи и со 200 амандмани на Буџетот глумат загриженост за економијата
Зошто не ги применуваа сите „генијални" решенија додека имаа шанса, туку од економијата направија циркуз? Ова прашање ВМРО-ДПМНЕ го упати до опозицискиот СДСМ, во одговор на критиките на новиот Буџет.
СДСM нема кредибилитет да го критикува Буџетот за 2025 кој го донесе Владата, кога тие буџетот за 2024 го оставија неликвиден.
Со овој став владејачката ВМРО-ДПМНЕ возврати на прес-конференцијата на пратеничката Јована Теренчевска од СДСМ, во која беа изнесени критики на предложениот Буџет.
– СДС толку добро „работеше”, што од економијата во Македонија направија циркус, а државните каси ги оставија празни. Сега со крокодилски солзи и 200 амандмани, се прават дека се „загрижени” за економијата. Нио, прашањето е: зошто не ги применуваа сите „генијални” решенија додека имаа шанса? – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата го менаџира буџетот со јасен фокус на намалување на дефицитот и зголемување на капиталните расходи, со што ќе донесе вистински развој на државата. Дефицитот е на ниво 4% во износ од 41 милијарда денари и номинално е понизок за 3,3% За време на СДСМ дефицитот изнесуваше околу 4,7% и ова е јасен показател колку лошо ја менаџирале економијата, или пак само краделе, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:
– Целата екипа на СДС е како хумористичен стрип.
Капиталните расходи се на ниво 50,6 милијарди денари и бележат раст од 6 милијарди денари во однос на ребаланс на буџетот.
– СДС недомаќински и неодговорно ги трошеа народните пари, ги оставија учениците без учебници, а студентите без оброци. ВМРО-ДПМНЕ кога станува збор за образованието, постигна договор за раст на платите во образованието. Покачени беа платите на просветните работници и ова покачување не е само 5% оваа година. Во следните 4 години нивните плати ќе се покачуваат за 7.,5 до 10%, а за 2026, 2027 и 2028 година од 10 до 12,5%, што значи најмалку 46% покачување за 4 години се вели во соопштението.
Со буџетот се обезбедени средства и за поддршка на животниот стандард. Пензиите од март ќе се зголемат за 2.500 денари. За таа намена се обезбедени дополнителни 15 милијарди денари.
ВМРО-ДПМНЕ води сметка за сите граѓани од сите категории, особено за ранливите каде има зголемување 500 милиони денари.
– СДС комплетно ги исклучи земјоделците, со ниски откупни цени за производство, работниците на АД Водостопанство и ЈП Македонски шуми ги остави без плати – вели ВМРО-ДПМНЕ и ветува дека работи за граѓаните, со цел да им обезбеди подобар животен стандард, и ниедна категорија на граѓани да не биде запоставена!