СДСМ В ЧЕТВРТОК ЌЕ ЈА ОБЈАВИ ПРЕДЛОГ РЕЗОЛУЦИЈАТА Филипче очекува дебата за црвените линии во спорот со Софија

Апелирам сите политички чинители да дадат свои мислења и предлози. Само со единство можеме да ги отвориме поглавјата, да го фатиме чекорот со Албанија и Црна Гора и да ја обезбедиме нашата европска иднина, најави Венко Филипче, се вели во соопштение на СДСМ.

143

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска најави дека во четврток ќе биде објавена драфт верзијата на Резолуцијата за црвените линии и преговори со ЕУ која партијата ја подготвуваше изминатиот период, стои во соопштението на СДСМ.

– Многу внимателно пристапивме кон овој процес. Темата е чувствителна и бараше консултации со бројни експерти од правото и меѓународното право. Во четврток ќе ја презентираме работната верзија – наш предлог, кој го ставаме на маса за сите политички партии и субјекти во Собранието – изјави Филипче.






Тој нагласи дека целта е да се постигне заеднички став за најважното државно прашање во моментов – европската перспектива на Македонија.

– Апелирам сите политички чинители да дадат свои мислења и предлози. Само со единство можеме да ги отвориме поглавјата, да го фатиме чекорот со Албанија и Црна Гора и да ја обезбедиме нашата европска иднина – рече Филипче.

Поврзани содржини