СДСМ станала трета партија? Уф, ова боли!

Само вие продолжете да се сликате и лепете го поцврсто за СДСМ сето разочарување, изневерено очекување, потфрлање во борбата со корупција, злоупотребите на тие што ги чистевте со метла, а и самите бевте нивни ментори и соучесници

6,085

Колку и да сум критична кон СДСМ, секогаш со намера да се спречи пропаѓање, ова боли…

Само вие продолжете да се сликате и лепете го поцврсто за СДСМ сето разочарување, изневерено очекување, потфрлање во борбата со корупција, злоупотребите на тие што ги чистевте со метла, а и самите бевте нивни ментори и соучесници.






Ќе се сликате и на следните избори. За жал.

Кога би можела само да знам уште колкумина ли ќе се иселат додека не се заборават сите наталожени неисполнети очекувања и не се роди нова надеж?

Вие ќе си ги трошите милионите, семејствата кои дури имаат човечки загуби од вашата бахатост и неодговорност ќе си ја носат болката со себе, нашите деца ќе заминуваат, но сепак ќе останат доволно луѓе кои ќе бидат хроничари и нема да дозволат да играте на картата на кусо паметење и да ни се враќате повторно со ретуширани биографии.

(Фејсбук статус на авторката)

Поврзани содржини