СДСМ СПАДНА НА ПЕТ МИНИСТРИ ВО СОПСТВЕНАТА ВЛАДА Владеат ДУИ и Талат Џафери, вели Ковачки

Дури и таму каде што СДСМ има министри како во Министерството за транспорт и врски не одлучуваат тие, туку ДУИ и Артан Груби, кој се самоназначи за координатор за изградба на коридорите – рече пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

446

СДСМ е малцински партнер во сопствената влада со само 5 министри, а ДУИ и Талат владеат. Ковачевски ја продаде СДСМ и за ден повеќе на власт му слугува на ДУИ. Ковачевски си ги понижи сопствените пратеници, кои мораа да го гласаат командант Форина за премиер. Талат Џафери немаше да биде премиер без гласовите од СДСМ. За да владее ден повеќе Ковачевски ја предаде владата на дезертерот Џафери – оцени на прес конференција Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Една година Ковачевски даде сè што можеше да се даде, од милионски тендери на партискиот донатор на ДУИ, Еуровиа, преку одмолчување за купувањето на Соравија до преземањето на хотели на Попова Шапка.
Од вчера Ковачевски ја предаде и онаа малку моќ на политичко одлучување која ја имаше. СДСМ повеќе за ништо не се прашува, главни се криминалците од ДУИ.






Дури и таму каде што СДСМ има министри како во Министерството за транспорт и врски не одлучуваат тие, туку ДУИ и Артан Груби, кој се самоназначи за координатор за изградба на коридорите. Ковачевски свесно се понижи и себе и партијата, но пред сè државата. СДСМ ја уништува Македонија, немаме веќе држава. Ковачевски е човекот кој ќе треба да го стави клучот на вратата во СДС вечерта на 8. мај – рече пратеникот Ковачки.

Поврзани содржини